Новак Џоковиќ верен навивач на Црвена Звезда

Најдобриот светски тенисер, Новак Џоковиќ, одвои дел од периодот кога е надвор од тенискиот терен и беше дел од публиката на натпреварот од кошаркарската Евролига помеѓу екипите на Црвена Звезда и Барселона.

Публиката во спортската сала „Александар Николиќ“ многу бучно ги бодреше своите кошаркари кои во равноправна игра загубија од гостинот Барселона со 69:76.

Џоковиќ пријатно изненади со неговото страствено навивање за „црвено-белите“ за што доби огромен аплауз од навивачката група „Делије“ како и од сите присутни на натпреварот.

https://twitter.com/NDjokofan/status/1470823503297396749?s=20