Новак Џоковиќ доби скии за подарок

Српскиот тенисер, Новак Џоковиќ, кој деновиве настапува за својата земја во Дејвис купот против селекцијата на Австрија, после мечот против Денис Новак кој Србинот го доби со 2:0 во сетови, доби изненадувачки подарок.
Домаќините од Австрија и градот Инсбрук каде се одржуваат натпреварите, на најдобриот светски тенисер му подарија скии кои беа специјално изработени за него.
Џоковиќ со голема радост и изненадување го прими подарокот и веднаш изрази желба да ги проба добиените скии.