Новак Џоковиќ 340 недели на врвот
Најдобриот тенисер на светот Новак Џоковиќ ја започна својата 340-та недела на врвот на АТП листата.
Светскиот рекет број еден, во моментот има 11.633 поени, што претставува 500 поени помалку во однос на минатата недела, кога имаше 12.133 бодови.
Рускиот тенисер Данил Медведев, кој му нанесе пораз на Џоковиќ во финалето на отвореното првенство во тенис на САД, има 10.575 поени и ја држи втората позиција на листата.
После првите два тенисери на светската АТП ранг листа следуваат Стефанос Циципас и Александар Зверев, а потоа Андреј Рубљов, Рафаел Надал,Матео Беретини, Доминик Тим, Роџер Федерер и Каспер Руд.