Нова крводарителска акција на Евротип и Голд Слот во Битола

Дарувањето на течноста која живот значи, во било кој момент е од огромно значење, а посебно во време на светска пандемија со која се соочуваме.
Токму затоа, спортските обложувалници Евротип и Голд Слот клубовите се одлучија за организирање на нова крводарителска акција, откако претходно организираните поминаа со значителен успех.
Акцијата ќе се организира 24 март од 10 до 13.30 часот, во неколкуте досегашни акции учествуваа бројни искусни крводарители, некои даруваа за прв пат, а на новата акција се очекува уште поголем број на оние кои ќе ја покажат својата хуманост.
Досега, преку крводарителските акции на Евротип и Голд Слот беа собрани над 70 крвни единици.
Евротип и Голд Слот како општествено одговорни компании се водат по принципот на негување на хуманитарните вредности, што се покажува со досегашните акции, но и оние кои ќе следат во иднина.
Организаторите се надеваат дека акциите од ваков карактер ќе бидат поттик и за останатите компании да го следат нивниот пример и да го направат најхуманиот гест кој може да се направи.