Новинарите ги крунисаа Дуплантис и Бајлс
Гимнастичарката Симоне Бајлс и атлетичарот Арманд Дуплантис се најдобри спортисти за 2024 година, по избор на Меѓународната асоцијација на спортски новинари (AIPS).
Американката и Швеѓанецот постигнаа убедливи победи во гласањето на 518 новинари од 111 земји.
Бајлс имаше двојно повеќе бодови од второпласираната шпанска фудбалерка Аитана Бонмати, додека Дуплантис собра 235 бодови повеќе од Новак Ѓоковиќ кој го освои второто место во овој избор.
Билес освои три златни медали и еден сребрен медал на Олимписките игри во Париз, додека Дуплантис доминираше во скок со стап. Во главниот град на Франција го освои златниот медал со нов светски рекорд.
Во женска категорија третото и четвртото место го зазедоа атлетичаркитее Жулиен Алфред од Света Лусија и Холанѓанката Сифан Хасан, додека во машката трет беше словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар, а четврти францускиот пливач Леон Маршан.