Нови лоши вести за Ливерпул!
Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон беше опериран по повредата на препоните во градското дерби против Евертон минатиот викенд. Оваа информација ја потврди и се уште актуелниот шампион на Англија, но во моментот со сигурност не може да се каже кога би можел да се врати на теренот. Она што се знаеше е дека шансите да се врати пред репрезентативната пауза се минимални, а сега веќе нема дилема. Хендерсон нема да биде во тимот за првенствените дуели против Шефилд, Челзи, Фулам и Вулверхемптон, како ни за реванш натпреварот против Лајпциг кој се игра на 10. март. Останува неизвесно дали ќе се врати во април, а оваа вест сигурно нема да го израдува и селекторот на репрезентација на Англија, Герет Саутгејт, кого на крајот на март го очекува стартот на квалификациите за Светското првенство. Хендерсон сезонава воглавно беше стартер во тимот на Јирген Клоп, па нема сомнеж дека неговото отсуство ќе биде дополнителен удар за „црвените“ кои цела сезона се мачат со повреди.