Новогодишниот хуманитарен базар во Голд Фелициa

По повод новогодишните празници под организација на КС Групацијата изминатата Недела се одржа Новогодишениот хуманитарен базар во просториите на Голд Фелициа.
Програмата на Новогодишниот базар беше направена од различни активности во кои дечињата навистина уживаа. Новогодишната работилница беше под раководство на Весела Богдановиќ – соработник од ОУ “Кочо Рацин” од Општина Могила.

Децата му пишуваа честитки на Дедо Мраз, правеа шеќерна шума, ги бараа разликите, плетеа кукле, шалче и белегзија, сложуваа сложувалка и уште многу други игри.
За радоста да биде уште поголема ги посети Дедо Мраз со неговите помошници и ги израдува со пакетчиња.

Додека децата се забавуваа, возрасните уживаа во греено вино и ракија, топол чај, вкусно печени костени. Под мотото “Дегустирај и донирај” се собираа средства во поставените кутии.

Оваа слика за да биде комплетна, како опшествено одговорни компании ја поддржаа Голд Фелициа, Евротип, Голд Слот, КС Сервис, Витаминка, Далвина, Колид, Краш, Агро Леска, Сандеј, Даути, Прилепска Пивара, Фреш ап, Пеар Натурал, Здраужение “Галоп”.
Но, највредни беа вработените на цела КС Групација кои вредно ја поставија целата слика да изгледа како бајка .

Средствата кои беа собрани од овој базар, како и продуктите кои беа донирани од нашите вработени, ќе бидат подарени на семејствата на кои им се најпотребни.
КС Групацијата и во иднина ќе продолже со организација на хуманитарни настани.