Новогодишни пакетчиња од ФК Пелистер за Домот за доенчиња и мали деца

Претставници на ФК Пелистер денес го посетија ЈУ Дом за Доенчиња и Мали Деца.
Во името на клубот претседателот Стефановски, директорот Здравевски и капитенот Ивановски донираа новогодишни пакетчиња за најмладите штитеници. Средбата помина во топла и празнична атмосфера, а насмевките на децата беа најголемата потврда за значењето на ваквите хуманитарни активности.
Покрај донацијата, на средбата се разговараше и за унапредување на соработката меѓу двете институции во иднина. Како дел од планираните активности, беше најавена можност за обезбедување бесплатни билети за домашните натпревари на клубот, со цел децата и вработените од Домот да бидат дел од спортските случувања.
Дополнително, беше отворена и темата за бесплатно членување во младите категории на клубот за штитениците на Домот, со што ќе им се овозможи активно вклучување во спортот и здрав развој преку фудбалот. Клубот и во иднина ќе продолжи со општествено одговорни активности и поддршка на заедницата.