Новозеланѓанка победи на последната трка од Светскиот Куп

Младата Новозеланѓанка Алис Робинсон е победник на последната трка во сезоната на Светскиот куп во алпско скијање. Таа денеска беше најбрза по двете велеслаломски трки возени во Швајцарија.
Откако заврши на четвртото по првото возење со заостанување од 77 стотинки зад водечката Американка Микаела Шифрин, 19-годишната Новозеланѓанка славеше пред Шифрин со 28 стотинки предност. За Робинсон ова е трета победа во кариерата.
Третото место го освои словенечката скијачка Мета Хроват, кој заостануваше 48 стотинки од победничката. Титулата за севкупен победник во велеслалом ја обезбеди Италијанката Марта Басино уште пред финалето во Ленцерхајде, каде денеска беше дури седма.