Ново признание за Дориев во Узбекистан

Љупчо Дориев продолжува да блеска во Узбекистан, каде што се наметна како еден од најдобрите фудбалери во првенството.

Од стартот на сезоната, поранешниот напаѓач на Шкендија и Брера постигна 14 погодоци и додаде пет асистенции, што му го донесе второто место на листата на стрелци, како и признание за „гол на месецот“.

Сега, Дориев доби и нова потврда за својата извонредна форма, избран е за играч на месецот во узбекистанската Премиер лига, чест што дополнително го зацврстува неговиот статус меѓу најдобрите фудбалери во земјата.