Нов гол на Куња, Астон Вила загуби во домот на „волците“

Во 24. коло од Премиер лигата, Вулверхемптон на домашен терен ја совлада Астон Вила со 2-0. Вулверхемптон забележа значајна победа во борбата за опстанок, додека Вила дополнително се оддалечи од местата кои обезбедуваат пласман во Лигата на шампионите.

Волвс го шокираа фаворитот во 12. минута со голот на Белгардо. Резултатот остана 1-0 до полувремето, но се чини дека Вулверхемптон можеше побрзо да постигне втор гол, отколку Вла да изедначи. Фудбалерите на Астон Вила не упатија дар кон противничкиот гол во првите 45 минути.

Унаи Емери го повлече Оли Воткинс на полувремето и го претстави најновото засилување, Дониел Мален. Холанѓанецот погоди во 55. минута, но голот беше поништен поради офсајд по интервенција на ВАР.

После тоа Вила немаше многу шанси, Вулвс добро се бранеа, а во 97.минута најдобриот играч на „волците“, Матеус Куња стави точка на натпреварот.