Нов малер за Дејвис, ѕвездата на Лејкерси еден месец надвор од терените

Една од првите ѕвезди на ЛА Лејкерс, Ентони Дејвис, најверојатно ќе пропушти уште 4-5 недели поради истегнувањето на десниот зглоб.
По петочниот пораз од ЛА Клиперс, Лејкерси имаат скор од 27 победи и 32 порази и се најдоа на 9-тото место во Западната конференција.
Дејвис се повреди во првото полувреме на мечот со Јута минатата среда.