Нов пех за Анчелоти, без првиот голман во „Ел Класико“

Голманот на Реал Мадрид Тибо Куртоа ќе биде надвор од терените 2-3 недели поради повреда. Тоа значи дека голманот на Реал Мадрид ќе го пропушти Ел Класико

Претходно се дозна дека белгискиот голман има повреда на адукторниот мускул на левата надколеница.

Според новинарот Марио Кортегана, Куртоа нема да може да учествува на натпреварот против Барселона и ќе паузира 2-3 недели.

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Барселона во рамките на 11. коло во Ла Лига ќе се одигра на 26 октомври (сабота) со почеток од 21:00 часот на „Сантијаго Бернабеу“.