Нов пех за Дуе: Младиот фудбалер на ПСЖ пак се повреди

Во 10. коло од француското првенство, против аутсајдерот Лориен, ПСЖ остана без очекуваната победа (1-1), но и без клучен играч. Дезире Дуе (20), крилниот напаѓач на францускиот и европскиот шампион, во 63-та минута и остана да лежи плачејќи од болка.

Дуе го напушти теренот на носилки, а подоцна го напушти стадионот со помош на патерици. Се чини дека го повредил бутниот мускул на десната нога, но повеќе детали ќе бидат познати во наредните денови.

Ова е нова сериозна повреда за Дуе, кој неодамна се врати на теренот бидејќи пропушти шест натпревари во септември поради повреда на листот.

„Секогаш се лоши вести кога некој ќе се повреди“, рече Луис Енрике по натпреварот. „Тоа е невообичаена повреда и сè уште не знаеме колку е сериозна. Се надевам дека не е посериозна.“

Младиот офанзивен играч имаше одлична последна сезона. Тој забележа 16 голови и исто толку асистенции во 61 натпревар и со тоа даде огромен придонес во освојувањето на тројната круна на ПСЖ. Оваа сезона, во осум натпревари, постигна три гола и имаше исто толку асистенции.

Дуе дојде во ПСЖ од Рен во летото 2024 година за 50 милиони евра. „Трансфермаркт“ сега ја проценува неговата вредност на 90 милиони евра.