Нов пех за Милвоки, пак се повреди Јанис Адетокуимбо

Грчкиот репрезентативец и кошаркар на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо доживеа нова повреда на коленото од левата нога.
31-годишниот кошаркар се повреди на натпреварот против екипата на Индијана и поради тоа ќе мора да паузира најмалку една недела.
Адетокумбо отсуствуваше долго откако се повреди уште на крајот на јануари и пропушти дури 17 натпревари во низа.
Очигледно е дека оваа сезона е навистина лоша за грчкиот кошаркар, бидејќи пред почетокот на сезоната се предвидуваше дека Јанис би можел да биде во ТОП-5 фаворити за освојување на МВП трофејот.
Сепак, големата драма околу неговиот можен трејд во друг тим и големите отсуства поради повреди го оддалечија од трката за најдобар играч во НБА лигата.