Нов пех за Спалети, Јуве три месеци без капитенот

Капитенот на Јувентус, Мануел Локатели, се повреди на дербито против Милан во неделата и ќе мора да се оперира поради проблеми со менискусот.
Јувентус објави денес дека 28-годишниот Локатели ќе биде надвор од теренот во следните три месеци.
Локатели го одигра целиот натпревар во кој Јувентус ремизираше 1-1 и обезбеди бод против Милан во судиското продолжение.
Дополнителните медицински прегледи покажаа посериозно оштетување на менискусот и потреба од операција.
Ова е продолжение на проблемите со повредени играчи во редовите на Јувентус на почетокот од новата сезона, во која надвор од теренот се Кенан Јилдиз, Кефрен Турам и Вестон Мекени.