Нов пораз на Валенсија, тимот на Димитриевски загуби во Севиља

Три одбрани на Столе Димитриевски во Севиља, но Вaленсија е поразена и продолжува нивната лоша серија на стартот на шпанската Ла Лига. Еден гол беше доволен за Севиља да дојде до победата, и тој се случи во 81. минута.

Иглесијас беше стрелец во 81. минута, кога нафрлената топка со глава ја упати во горниот дел од голот на Димитриевски, кој остана немоќен во таа ситауција.

Минути пред голот, Валенсија ја погоди и пречката, па така тимот на Столе Димитриевски беше практично казнет за ова промашување и остана без бодови од ова тешко гостувње.

Севиља, пак, продолжува со одличните резултати на стартот во шпанската „елита“.