Нов пораз на Лејкерс, Јута славеше со победа против Голден Стејт

Продолжува очајната сезона на Лос Анџелес Лејкерс. По пчерашната катастрофа против Милвоки Бакс, тимот од ЛА вечерва загуби и на гостувањето кај Портланд Трејлблејзерс со 105-107. Анферни Симонс со 29 поени беше убедливо најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените не беа доволни ниту 30 поени на Леброн Џејмс, надополнети со по седум скокови и асистенции.

Голден Стејт беа поразени од Јута со 111:85 и така заврши нивната серија од девет победи по ред. Бојан Богдановиќ постигна 23 поени. Во редовите на Вориорси најефикасен беше Џордан Пул со 18 поени. Треба да се спомене дека Голден Стејт беа без Грин и Томпсон. Кари не беше на своето препознатливо ниво и постигна само 16 поени.