Нов проблем за Консеисао, се повреди Кајл Вокер

Милан има нов играч на листата на повредени фудбалери на кои Консеисао не може да смета е Кајл Вокер.
Англичанецот пристигна како големо засилување за одбраната и беше незаменлив на последните средби, тој ги одигра сите 90 минути на реваншот со Феенорд, но веднаш по мечот се пожалил на болка во мускулот на ногата.
Деталните прегледи покажале дека проблемот не е премногу сериозен, но Вокер не тренираше последните два дена и сигурно нема да настапи на следниот меч, на гостински терен против Торино, како и на наредниот дуел во Болоња закажан за 27 февруари.
Резервниот десен бек Емерсон Ројал исто така е повреден, Калабрија пред крајот на преодниот рок беше испратен во Болоња, па Консеисао најверојатно ќе мора да тргне на десната страна со Алекс Хименез, кому природна позиција му е лев бек.