Нов супер-гол на Дориев во Узбекистан

Македонскиот репрезентативец, Љупче Дориев продолжува со импресивните настапи во Узбекистан. Синоќа постигна нов погодок.
Согдиана победи со 5-2, а Дориев го постигна првиот гол на натпреварот. Македонецот испрати вистинска бомба во мрежата на противникот.
По десет одиграни кола, Дориев со седум гола е прв стрелец во најдобрата лига во Узбекистан, има и две асистенции.