Нов „удар“ за Пиоли: Томори се повреди и мора на операција

Милан оваа сезона навистина нема среќа со повредите, а синоќа се повреди и еден од најдобрите фудбалери на „росонерите“ оваа сезона Факијо Томори.

Томори предвреме го заврши мечот со Џенова, а денес лекарските прегледи покажаа дека има оштетување на менискусот на коленото.

Дефанзивецот уште денес ќе биде опериран, а се очекува потоа Милан да соопшти колку време ќе паузира. Ова е лоша вест за Милан, кој има голем проблем со повредени фудбалери, особено во одбраната.

Сезоната за Симон Кјаер е завршена, а Ромањоли е позитивен на Ковид, па се очекува Милан сигурно да интервенира на трансфер пазарот.