Нов удар за Русија: ФИДЕ ја дислоцира шаховската Олимпијада од Москва

Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) објави дека 44. шаховската Олимпијада нема да се одржи во Москва како последица на руската инвазија врз Украина.

„На вонредниот состанок донесовме одлука сите планирани натпреварувања да ги дислоцираме од Русија. Брзото влошување на геополитичката ситуација го принуди Советот да донесе тешка одлука“, се наведува во соопштението на ФИДЕ.

Тоа значи дека покрај Олимпијата нема да се реализира и годишниот конгрес на  Светската шаховска федерација.