Норвешка ја освои светската титула, Германија парираше едно полувреме

Ракометарките од Норвешка го освоија златниот медал на Светското првенство 2026. Во финалето вечерва во Ротердам, Норвежанките ја победија Германија со 23:20 (11:11).

Норвешка е сопственик на сите три злата од најголемите натпреварувања, Олимписки игри, Европско првенство и Светско првенство.

Германките стигнаа до медал на Мундијал, прв од 2007 година.

Голманката Катрин Лунде со 15 одбрани, како и Хени Рајстад со шест и Тејл Дејл со пет гола беа најзаслужни за победата на Норвешка.

За Германија, Катарина Филтер имаше 11 одбрани, Емили Фогел, Виола Лехтер и Алина Гриселс постигнаа по четири гола.

Во предигра на големото финале Франција по продолжение ја победи Холандија со 33:31 и стигна до бронзата.