Норис прв ќе тргне за ГН на Лас Вегас

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, победи во квалификациите за Големата награда на Лас Вегас возени утрово.
Во одлучувачкиот сегмент, најдобриот круг на Британецот беше 1 минута 47,934 секунди. Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, заврши втор (+0,323 секунди), а возачот на Вилијамс, Карлос Сајнц, трет (+0,362).
Тимскиот колега на Норис, Оскар Пјастри, заврши петти (+1,027). Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон од Ферари заврши на 20-то место, последното место во квалификациите.
Главната трка во Лас Вегас ќе се вози утре (23 ноември) со почеток во 5 часот по македонско време.