Нотингем Форест не сака да го откупи Даглас Луиз

Она што летоска изгледаше како добар потег за Јувентус, полека се претвора во сериозен проблем за клубот од Торино. Позajмицата на Даглас Луиз во Нотингем форест не оди според планот, бидејќи бразилскиот играч од средниот ред не добива доволно минути во Премиер лигата, што го става под знак прашалник откупот на неговиот договор вреден 28,5 милиони евра, пренесува ,Тутоспорт”.
Да потсетиме, договорот меѓу двата клуба вклучуваше платена позајмица од три милиони евра и обврска за откуп во износ од 28,5 милиони евра, преку фиксен дел и бонуси. Клучниот услов за активирање на откупот беше Луиз да одигра најмалку 15 натпревари во Премиер лига, со минимум 45 минути на терен.
До овој момент, Бразилецот има само пет настапи, што е далеку под потребното.
Ситуајата сериозно го загрижи Јувентус, кој мора брзо да реагира. Во Торино веќе се разгледува ново сценарио, повлекување на Даглас Луиз од позајмица уште во јануари. Оваа можност станува уште пореална доколку продолжат преговорите што Форест ги води со Интер за ангажман на Давиде Фратези.
Во Јувентус се свесни дека 28,5 милиони евра се доведени во ризик и веќе работат на изнаоѓање алтернативно решение, нудејќи го играчот на други клубови од Премиер лигата. Иако Луиз и понатаму има добра репутација на англискиот пазар, засега конкретен интерес нема.