Нотингем Форест плати 50 милиони евра за Гибс-Вајт

Повратникот во англиската Премиер лига, Нотингем Форест, му плати 50 милиони евра на Вулверхемптон за ангажман на офанзивниот фудбалер Морган Гибс-Вајт.

Некогашниот двократен европски првак досега на засилувања потроши над 168 милиони евра, а заклучно со Гибс-Вајт во клубот ова лето стигнаа 16 нови фудбалери.

Повеќе пари од Нотингем Форест за засилувања во Премиер лигата има потрошено само Челзи кој ова лето издвои над 186 милиони евра.