Нотингем Форест преку мејл му врачи отказ на Витор Переира

Нотингем Форест го раскина договорот со главниот тренер Витор Переира на необичен начин, објави новинарот Бен Џејкобс.
Договорот со Португалeцот содржеше клаузула што му дозволуваше на клубот да го раскине до 30 јуни. Вечерта на 30 јуни во 23:58 часот, Форест му испратил и-меил на Переира со кој го известува за раскинувањето на нивното партнерство.
Според изворот, Переира веќе ги испланирал предсезонските подготовки на клубот во Португалија. Покрај тоа, раководството на Нотингем се договорило со него за учество на тимот на предсезонски турнир во Удине, каде што требаше да играат Удинезе и Барселона.
Оливер Гласнер ќе го замени Переира на менаџерската позиција во Нотингем Форест, соопштија медиумите во Англија.