Нојер го урна историскиот рекорд на Швајнштајгер
Голманот Мануел Нојер ја сочува мрежата за Бундестимот во
победата од 2-0 над Данска во осминафиналето на ЕП 2024.
Тоа беше негов 19. натпревар на Европските првенства. Така
Нојер го подобри досегашниот рекорд на Бастијан Швајнштајгер
за најмногу мечеви за Германија во европските завршници, кој
веќе заостанува зад него со одиграни 18 меча.
Покрај тоа, Нојер собра 38 настапи за својата земја на големите
првенства.