Нојер и следната сезона ќе брани за Баерн

Капитенот на минхенски Баерн, Мануел Нојер, е заинтересиран да го продолжи договорот со клубот до лето 2027 година, објави весникот „Билд“. Според истиот извор, менаџерот на Нојер, Томас Крот, го посетил седиштето на Баерн во четвртокот за да почне преговори за иднината на голманот.

Нојер, наводно, побарал да го задржи своето место во стартниот состав, но е согласен да остане на клупата за резерви на некои натпревари за да му даде шанса на неговиот наследник Јонас Урбиг.

Четириесетгодишниот Нојер е дел од Баерн од 2011 година. Со гигантот од Минхен освои 13 германски титули, а два пати триумфираше во Лигата на шампиони. е