Нојер: Нашиот однос со Флик е перфектен

Ханс Дитер Флик одлучи да стави крај на неизвесноста и на сите шпекулации поврзани за неговата иднина во Баерн Минхен, соопштувајќи и на јавноста дека лично побарал раскинување на договорот со европскиот и светски шампион откако тимот доживеа елиминација од ПСЖ во Лигата на шампионите. Флик веќе извесно време има интерна „војна“ со Хасан Салихамиџиќ и по се изгледа истата ја доби популарниот Брацо, но од друга страна, се верува дека Ханси има навистина добра причина за заминување. „Ова беше емотивна приказна за нас во соблекувалната. Како тим, имавме незаборавно време заедно и истото беше навистина успешно. За нас играчите беше навистина важно оваа вест да ја дознаеме од тренерот, тој ни го кажа тоа лично пред да излезе со изјава во јавноста, тоа е за почит. Тоа е знак дека нашиот однос со тренерот е извонреден“, изјави капитенот Мануел Нојер.