Нојер: ПСЖ има „убијци“ во нападот

ПСЖ се пласира во финалето на Лигата на шампионите откако со вкупни 6-5 го елиминира Баерн. Реваншот во Минхен, заврши без победник 1-1. Усман Дембеле постигна гол за Французите, а Хари Кејн за Германците.

Мануел Нојер бранеше извонредно за Баерн. Ветеранот имаше шест одбрани.

„Немавме убиствен инстинкт во нападот. Но, имавме доволно шанси за победа. Немавме многу чисти шанси, но мораше да бидеме подобри кога влегувавме во нив. Само погледнете го Париз. Тие се едноставно убијци. Постигнаа пет гола во првиот натпревар. Ни требаше тоа денес. Бевме блиску до финалето, но не можевме да ја завршиме работата“, изјави Нојер за ДАЗН.

ПСЖ е актуелен шампион на Европа и ќе ја брани титулата против Арсенал. ПСЖ и Арсенал ќе играат во Будимпешта во сабота, 30 мај, во малку необично време од 18:00 часот.