Нојер ја најави фудбалската пензија

Германскиот голман Мануел Нојер за првпат проговори околу неговото пензионирање.

Капитенот на Баерн ќе ја започне својата 21-ва сезона во Бундеслигата (16 со Баерн, 5 со Шалке), која ќе му биде последна по што ќе следува повлекување.

Нојер откри дека бил многу блиску до одлука за повлекување уште оваа лето но атмосферата во тимот го мотивирала да остане уште една година.

„Не играм со идејата дека ова е мојот последен натпревар, на кој било стадион. Но, навистина се чувствувам како да ќе ја завршам кариерата после сезонава!“, најави Нојер и продолжи да говори во врска со претстојната сезона:

По неговата 21-ва сезона во Бундеслигата, тој најверојатно ќе се откаже на 5-ти јуни 2027 година, по финалето на ЛШ во Мадрид, надевајќи се дека ќе ја освои својата трета титула во ЛШ по 2013 и 2020 година!