Нубел незадоволен, го напушта Баерн по само една сезона
Резервниот голман на фудбалскиот состав Баерн Минхен, Александар Нубел, сака да замине на позајмица во друга средина за да може да добие поголема минутажа, објави неговиот агент задолжен за трансфери.
24-годишниот голман кој во изминатата година пристигна од Шалке 04 и потпиша договор до 2025 година има одиграно само три меча за Баварците.
„Алекс сака да игра. Втора година по ред добива мала минутажа и затоа не може да напредува. Тој е млад и треба да се развива. Затоа ќе бараме опции да оди во друг клуб“, изјави Стефан Бакс кој му е агент задолжен за трансфери на младиот чувар на мрежата на Баерн Минхен.