Нуно Еспирито Санто е нов менаџер на Вест Хем

Лондонски Вест Хем го назнаки попладнево Португалецот Нуно Еспирито Санто за нов тренер, само неколку часови откако му врачи отказ на функцијата на Греам Потер.

Вест Хем објави попладнево дека 51-годишниот португалски стратег потпишал тригодишен договор.

Санто веќе денеска ќе го одржи првиот тренинг со лондонскиот клуб пред дуелот против Евертон, в понеделник, во рамки на шестото коло во Премиер лигата.

Санто беше без тренерски ангажман помалку од три недели по отказот што му беше врачен на клупата на премиерлигашот Нотингем Форест.

Смената на тренерската клупа во Вест Хем дојде по очајниот старт на новата сезона во која лондонскиот премиерлигаш е последнопласиран на табелата со три бодови, и четири порази во воведните пет кола.