Нуно Тавареш преговара со Ал-Итихад

Фудбалерот на Лацио, Нуно Тавареш, веројатно ќе си замине од Италија. Според најавите во дел од медиумите, за неговиот потпис е заинтересиран тимот на Ал-Итихад.
Саудискиот клуб започнал преговори за португалскиот бек кој не е редовен стартер од почетокот на сезоната.
Тавареш би се преселил во Саудиска Арабија без никакво двоумење а Лацио е отворен за продажба во јануарскиот преоден рок.