Нури Сахин објави крај на играчката кариера
Играчот за врска на Анталијаспор, Нури Сахин објави крај на својата играчка кариера. “Нема повеќе да играм фудбал “, изјави Нури за шпанскиот весник АС.
Сахин , во текот на месецов беше назначен за тренер на турскиот тим.
33-годишниот Нури Сахин професионалната кариера ја започна во екипата на Борусија Дортмунд на свои 16 години. Во кариерата настапуваше и за екипите на Феенорд, Реал Мадрид, Ливерпул и Вердер Бремен.