Нухиу именуван за нов тренер на Шкендија

Поранешниот фудбалер и тренер на Шкупи, Ардијан Нухиу од денес и официајлно е нов тренер на Шкендија која остана без предводник по заминувањето на Ќатип Османи на крајот од сезоната.

Последниот клуб кој го водеше Нухиу беше косовската Дрита од Гњилане, а во последните шест месеци беше без ангажман.

„Мило ми е што сум тука. Подготвен сум за новиот предизвик, ќе создадеме моќен тим за предизвиците во Европа, а потоа со иста енергија ќе влеземе и во првенството“, изјави Нухиу на промоцијата на клупата.

Богатата фудбалска кариера тој ја заврши во 2016 година во редовите на Шкупи каде што две години беше и тренер.