Нуњез заминува – Ливерпул се соочува со загуба од милиони

Ливерпул е подготвен да прифати значителна финансиска загуба за Дарвин Нуњез, откако го одреди трансферот на 60 милиони евра, додека интересот од европските клубови расте. 

Уругвајскиот напаѓач пристигна на Енфилд од Бенфика во 2022 година за рекордна клупска сума 85 милиони евра, но не успеа целосно да ги оправда очекувањата. Со 40 голови на 143 настапи, Нуњез се мачеше со конзистентноста, а клубот сега го разгледува неговото заминување како дел од летната реконструкција по освојувањето на Премиер Лигата. 

И покрај неговата послабa форма и намалената вредност, Ливерпул не планира да прифати понуди под 60 милиони евра. Наполи има мала предност во трката, благодарение на своето учество во следната сезона од Лигата на Шампионите. Милан, иако заинтересиран, е во полоша позиција бидејќи нема да игра во европски натпреварувања. 

Клубот е отворен и за постојан трансфер и за позајмица со опција за откуп. Атлетико Мадрид исто така е заинтересиран за доведување на Нуњез во Ла Лига. 

Иако Ливерпул очекуваше повеќе од 25-годишниот, евентуалното заминување сега се гледа како можност за нов почеток – и за фудбалерот, и за тимот.