НФЛ- лигашот Далас Каубојс останува највреден клуб во светот

Далас каубојс од професионалната НФЛ лига во американски фудбал
шеста година по ред ја предводи листата на највредни спортски екипи, според истражувањето на специјализираниот финансиски магазин Форбс.
Според Форбс, вредноста на Далас каубојс се проценува на осум
милијарди долари, што е за дури 40 отсто повеќе од ланската
вредност. И на второто и третото место на листата на Форбс се екипи
од НФЛ лигата. Њу Ингланд патриотс се втори со вредност која е
проценета на 6.4 милијарди долари, а актуелниот НФЛ шампион Лос
Анџелес рамс се на третото место со 6.2 милијарди долари.

Меѓу првите пет највредни спортски екипи се и бејзбол клубот Њујорк
Јенкис (шест милијарди долари) и НБА лигашот Њујорк Никс (5.8).