Обамејанг би се радувал да заигра во тандем со Халанд
Новиот напаѓач на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг, со задоволство би го имал за соиграч Ерлинг Халанд. Голгетерот на Борусија Дортмунд е пред трансфер ова лето, а како една од неговите можни дестинации се споменува и „Камп Ноу“.
Обамејанг во изјава за медиумите вели дека би била огромна чест за него, доколку заигра со Халанд во Барселона.
„Тој е веќе еден од најдобрите во светот на неговата возраст. Јас не сум тренер, но мислам дека Ерлинг е одличен играч. Тој постигнува многу голови, физички е одлично подготвен и е неверојатно брз. Едноставно тој е неверојатен фудбалер“, изјави Обамејанг.