Обамејанг ги повреди препоните, го чека нова долга пауза
Напаѓачот на Олимпик Марсеј, Пјер-Емерик Обамејанг нема да биде
во составот за натпреварот против АЕК Атина утре во Лига Европа,
објави францускиот клуб.
Тој има повреда на препоните и не замина со тимот во грчката
престолнина. Така, тимот од Марсеј ќе остане без услугите на својот
најдобар стрелец во Европа, кој има 4 гола од почетокот на сезоната.
Уште не е јасно колку долго 34-годишниот репрезентативец на Габон
ќе биде надвор од терените, бидејќи ќе му бидат извршени нови
прегледи за да се процени тежината на повредата.