Обамејанг го напушта Арсенал во наредните неколку дена?
Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг по се изгледа дека нема да се приклучи на тимот кој за брзо заминува во тренинг кампот во Дубаи и е можно да го напушти клубот во наредните неколку денови.
Обамејанг неодамна се врати во Лондон по учеството во Купот на афрички нации, но тој и понатаму останува надвор од плановите на тренерот Артета.
Бројни се информациите дека Обамејанг добил неколку понуди за заминување на позајмица во клубови од Блискиот Исток кои се спремни да ја покријат високата плата која фудбалерот ја прима во Арсенал. Но 32-годишниот играч од Габон не е заинтересиран за заминување од Европа и очекува понуда од клуб кој игра во најсилните европски лиги.