Обамејанг е потполно спремен за дуелот со Наполи

Напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг е 100% подготвен за натпреварот на Барселона против Наполи во Лига Европа, објави тренерот на каталонците Чави Ернандез.
„Тој е во добра состојба, тренира многу добро во последните денови. Тој е 100% подготвен. Среќен сум што покажа стабилна форма во последните години. Одлично се вклопува во нашата група, момците позитивно го прифаќаат. Можам да додадам и дека е голем професионалец“, истакна Чави.
Репрезентативецот на Габон минатиот месец се пресели во Барселона како слободен играч, откако го раскина договорот со Арсенал.