Обамејанг лут на Артета и Арсенал
Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, изрази огорченост од одлуката да му биде одземена капитенската лента во тимот на Арсенал.
Обамејанг е лут на тренерот Артета кој го обвини фудбалерот за недисциплина и непочитување на клубските правила.
Репрезентативецот на Габон веќе два натпревари не е во составот на екипата и се чини дека нетрпеливоста помеѓу него и Артета доживува кулминација.
Обамејанг минатата сезона потпиша нов тригодишен договор со Арсенал со што стана најплатениот играч во еипата, меѓутоа после овој конфликт со тренерот големи се шансите тој да побара предвремен раскин на договорот.
Целата ситуација со играчот будно е следена од екипата на Барселона која се очекува да испрати понуда за негов премин на „Ноу Камп“ во јануари. Тој би пристигнал како замена за Серхио Агуеро кој ја прекина својата фудбалска кариера.