Обамејанг: Тажно е што го напуштив Арсенал на овој начин

Поранешниот напаѓач на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, преку специјална објава на социјалните мрежи се прости од навивачите на „топчиите“. Фудбалерот се раздели од клубот и потпиша договор со екипата на Барселона.

„Ви благодарам што го направивте Лондон мој дом и дом на моето семејство во изминативе четири години. Заедно поминавме низ подеми и падови, но вашата поддршка беше огромна. Отсекогаш сум бил 100 % фокусиран и посветен да дадам се за клубот, и боли да си одам без збогум, но фудбалот е таков. Тажен сум што во последните неколку недели немав можност да им помогнам на моите соиграчи, но имам огромна почит кон клубот и навистина им посакувам многу успех на моите пријатели и навивачи во наредните години“, изјави Обамејанг.