Обвинителството во Швајцарија бара затворска казна за сопственикот на ПСЖ
Според информациите кои ги пренесува францускиот весник „Лeкип“, швајцарското обвинителство побара казна затвор од 28 месеци за претседателот на Париз Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи.
Сопственикот на тимот од Париз е обвинет за корупција заедно со поранешниот генерален секретар на ФИФА, Жером Валке.
Ал-Келаифи е сопственик на катарскиот канал Беин Спортс, и е осомничен дека го поткупил Валке за да ги добие правата за пренос на Светските фудбалски првенства. Во јануари 2018 година, Валке беше суспендиран од фудбалот на 12 години.
Случајот во швајцарското обвинителство започна во 2020 година, но дури сега има официјална одлука.