Облак: Барса е стабилна, ќе ја освои титулата во Ла Лига

Голманот на Атлетико, Јан Облак зборуваше за натпреварот на неговиот клуб против Барселона, во кој Атлетико загуби со 0-1.

„Оваа лига беше тешка долго време и се уште е. Не можевме да дадеме малку повеќе емоции на Ла Лига на крајот од сезоната. Ако Барса продолжи вака со предноста што ја има, ќе ја освои лигата. Мислам дека Гризман секогаш ја покажуваше својата најдобра верзија. Не знам зошто работите не му одеа толку добро во Барселона и не ми е грижа. Важно е што прави овде“, изјави Облак за „Марка“.

Пред поразот од Барселона, мадридскиот тим беше непоразен во 13 натпревари (десет победи и три нерешени).

По 30 кола Каталонците се водечки тим во Примера со 76 бода. Атлетико е на третото место на табелата со 60 бодови и пет бода помалку од Реал Мадрид.