Обложувалниците Евротип, СН Финансии и СН Осигурителен Брокер – спонзори на првата улична атлетска трка “November run Gevgelija 2021“.
Обложувалниците Евротип, Финансиското друштво СН Финансии и СН Осигурителен Брокер, како општествено одговорни компании кои ја поддржуваат промоцијата на спортските вредности и здравиот начин на живот, со особена чест и гордост ќе бидат спонзори на уличната атлетска трка “November run Gevgelija 2021“.
Организатор на првата улична трка е Атлетскиот клуб 7-ми ноември од Гевгелија и истатата ќе се одржи на 7.11.2021 година. “November run Gevgelija 2021“ е организирана според правилата на IAAF (Меѓународната атлетска федерација). Во соработка со Атлетската федерација на Македонија ќе се одржи и државното првенство во трчање на 10 километри.
На трката учество ќе земат повеќе од 600 љубители на трчањето од земјата, како и гости натпреварувачи од Словенија, Грција, Косово и Србија. Свое учество на трката низ улиците на Гевгелија, ќе земат и 3 натпреварувачи кои се вработени во Спортските обложувалници Евротип и 1 натпреварувач од Финансиското друштво СН Финансии. .
Обложувалниците Евротип, финансиското друштво СН Финансии и СН Осигурителен Брокер се редовни помагатели на голем број на настани кои го промовираат спортскиот дух и дружењето помеѓу луѓето во нашата држава.
Како спонзори, финансиски ги поддржавме и уличните трки “Трчај бе“ во Битола и “Охрид трчат“, на кои како активни тркачи учество зедоа и дел од нашите вработени.