Обрадовиќ сруши уште еден евролигашки рекорд
Жељко Обрадовиќ е првиот стрaтег во Евролигата кој стигнал до 350. победа во кариерата на 526 натпревари.
Вчерашната победа на Партизан против Алба во Берлин со резултат 94:83, во натпреварот од 33. коло на Евролигата, беше јубилејна 350 за Обрадовиќ, но за него поважно е што пред крајот на регуларниот дел црно-белите остануваат во трката за плеј-ин во Евролигата.
Партизан во главно главно ќе зависи од резултатите на Анадолу Ефес, кој би морал да загуби еден од последните два натпревари, со обврска црно-белите да ја совладаат Валенсија во „Штарк Арената“ во последното коло. Црно-белите имаат подобар учинок меѓу себе и од Ефес и од Басконија, до која би можеле да стигнат доколку избраниците на Душко Ивановиќ ги загубат последните два меча.
Зад Обрадовиќ се италијанскиот тренер Еторе Месина со 313 победи, шпанскиот селектор Пабло Ласо со 249 победи, Шпанецот Чави Пасквале со 241 победа, Гркот Димитрис Итудис со 218 победи, црногорскиот стручњак Душко Ивановиќ со 217 победи, турскиот тренер Атагин со 216 победи, Гркот Јоргос Баркокас со 198 победи, литванскиот стручњак Шарунас Јасикевичиус со 162 победи и Израелецот Дејвид Блат со 152 победи.