Објавена официјалната химна за Европското првенство! (видео)
Ирската фудбалска репрезентација не се пласираше на Европското првенство, но еден од најпознатите пејачи од таа земја ќе има важна улога.
Пол Дејвид Хјусон, попознат како Боно Вокс од групата У2, ја пее песната „We are the people“, која е претставена како официјална химна на Европското првенство. Песната ја изведува заедно со познатиот гитарист Дејвид Хауел Еванс, а автор на истата е холандскиот ди-џеј Мартин Гарикс.
Гарикс песната започнал да ја пишува пред три години. Имаше големи планови, но ни во сон не се надеваше дека членовите на У2 ќе се согласат да соработуваат со него.
„Морав да го исклучам микрофонот кога ми се јавија бидејќи вреснав. Се ежев цело време. Човеку, Боно Вокс е покрај мене и пее моја песна.“ – изјави Гарикс за страницата на УЕФА.
„Оваа песна доаѓа во вистинско време, кога луѓето повторно се враќаат на нормалниот живот.“ – вели Гарикс.